ЛАРИЏАНИ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ТРАМП СО „ЕЛИМИНАЦИЈА“ За Ормускиот Теснец објави порака на 5 јазици
„Преминот Ормуз ќе биде премин на мир и просперитет за сите или ќе биде премин на неуспехот и страдање на воените подбуцнувачи“ - напиша Лариџани.
Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност Али Лариџани денеска му се закани со елиминација на американскиот претседател Доналд Трамп.
Заканата од советникот на убиениот ајатолах уследи откако Трамп вчера го критикуваше Техеран поради блокадата на Ормутски Теснец.
Трамп вчера изјави дека 20 пати посилно ќе го нападна Иран доколку Техеран ја запре трговијата преку клучниот поморски премин во Персиски Залив.
„Иранскиот народ е подготвен на жртва и не се плаши од вашите празни закани. Дури ниту оние помоќните од вас не можеа да го елиминираат Иран. Внимавајте вие да не бидете елиминирани“ – наведе Лариџани на платформата Икс.
Потоа шефот на националниот совет за безбедност на Иран, на истата социјална мрежа објави порака во врска со Ормускиот теснец на пет јазици – на француски, на арапски, на руски, на англиски и на кинески:
„Преминот Ормуз ќе биде премин на мир и просперитет за сите или ќе биде премин на неуспехот и страдање на воените подбуцнувачи“ – напиша Лариџани.
Strait of Hormuz will either be a Strait of peace and prosperity for all or will be a Strait of defeat and suffering for warmongers.
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 10, 2026