ЛАПТОПОТ Е КАЈ ПРЕВЕДУВАЧИТЕ, ТРОТИНЕТОТ Е ВО КАНЦЕЛАРИЈА, ДОКУМЕНТИТЕ СЕ ДОБИЕНИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ Лога му ѕвонел на Филков, ама тој не кревал

Двесте чадори се наменети за кампањата за бесплатна правна помош, заедно со Советот на Европа. Лаптопот е во ПР канцеларијата, другиот е кај преведувачите, тротинетот е во едно од одделенијата за бесплатна правна помош, а телефоните, добиени преку субвенција, се распределени на оние кои најмногу работат и се евидентирани на телефонските броеви, објасни поранешниот министер за правда Кренар Лога.

1,101

Му ѕвонев на телефон, му пишав и СМС порака, но никако не можев да стапам во контакт новоназначениот министер за правда, реагираше поранешниот министер Кренар Лога откако актуелниот министер Игор Филков денеска обвини дека затекнал Кабинет полн со чадори, торби и чаши, но и дека ги нема документите со препораките од Европската комисија.

„За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а Министерството го раководи г-ѓа Радица Лазареска Геровска, со која целото министерство нема добра комуникација. Во време кога беше избрана новата власт, јас бев на испланиран семеен одмор, за кој се добива решение од Владата. Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку Kабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот Kабинет од својата шефица на кабинетот, која не му дозволува да комуницира. За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една бамална реченица ‘и премиерот е право и меѓународните сојузници се во право’, се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица“, соопшти Лога.






Писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и вицепремиерот Бојан Маричиќ, претседателот на судски совет Сашко Георгиев и други, додаде тој.

„Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие затоа што нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски“, истакна Лога.

Тој исто така додаде дека возниот парк е ист со оној што го користеле и претходните министри.

„Министерството за правда во соработка со Советот на Европа презема активности за подобрување на системот на БПП. Во Секторската развојна стратегија за правосудство и Акцискиот план се предвидени низа активности за подобрување на пристапот до правда кои се предвидени во Посебната цел 1.7.  (Стр.38-42 од Акцискиот план). Вработените во подрачните одделенија/канцеларии за бесплатна правна помош се исти повеќе години, а со истиот кадар веќе отворивме и повеќе канцеларии. Отворениот оглас, каде што требаше да се пополнат некои работни места, беше поништен од ваша страна за да вработите ‘ваши луѓе’. Министерството нема долгови, бидејќи навреме беа подмирени сите фактури. Наместо да бидете среќни што го имате материјалот со кој јас не располагав, вие неосновано критикувате зошто сите тие материјали се двојазични односно и на албански јазик. Двесте чадори се наменети за кампањата за бесплатна правна помош, заедно со Советот на Европа. Лаптопот е во ПР канцеларијата, другиот е кај преведувачите, тротинетот е во едно од одделенијата за бесплатна правна помош, а телефоните, добиени преку субвенција, се распределени на оние кои најмногу работат и се евидентирани на телефонските броеви“, објасни Лога.

За сите овие тврдења, додаде поранешниот министер, но и за 100-дневниот период на министерот Филков, ќе имам јавно обраќање и брифинг со новинари.

„Го предизвикувам министерот Филков на јавна дебата, било еден на еден или со учество на госпоѓа Радица од негова страна“, порача Лога.

ФИЛКОВ НАСЛЕДИЛ КАБИНЕТ ПОЛН СО ЧАДОРИ, ЧАШИ И ТОРБИ Лога си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на Европската комисија

Поврзани содржини