ЛАНИ ВО СВЕТОТ УБИЕНИ РЕКОРДЕН БРОЈ НОВИНАРИ – 129 Најголем „придонес“ има израелската армија
Најмногу новинари ги загубија животите во војната во Газа - 86 лица. Четворица беа убиени во војната во Украина, а девет претставници на медиумите во конфликтот во Судан.
Во текот на минатата година низ светот биле убиени 129 новинари и медиумски работници, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, цитиран од француските медиуми.
„Израелската армија во овој период изврши повеќе целни убиства на новинари од која било друга владина армија досега, при што повеќето од убиените се новинари и палестински медиумски работници во Газа“, се наведува во соопштението на невладината организација со седиште во САД.
Во 2024 година беа убиени 124 новинари, што исто така беше рекорд. Комитетот води статистика веќе 30 години.
Најмногу новинари ги загубија животите во војната во Газа – 86 лица. Четворица беа убиени во војната во Украина, а девет претставници на медиумите во конфликтот во Судан.