ЛАНИ ИМАШЕ ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМИ, СЕГА 6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА МАСА! Микел Хансен доби понуда што не се одбива

Данскиот ракометар се враќа на терените по една година пауза и најверојатно ќе го замени данскиот Алборг со Саудиска Арабија.

862

Само неколку дена по веста дека данскиот ракометар Микел Хансен се враќа на терените по една година пауза, сега доаѓа информација дека тој има рекордна милионска понуда и најверојатно ќе го замени данскиот Алборг со Саудиска Арабија.

Како и во фудбалот, саудиските клубови почнаа да трошат огромни пари и во ракометот. Прво беше ангажиран португаскиот репрезентативец Андре Гомеш во Ал Сафа за ракометно фантастични 900.000 евра по сезона, а сега Микел Хансен на маса има понуда тешка 6 милиони долари што доколку се реализира, би бил највреден трансфер во историјата на ракометот.






Минатата сезона Хансен ја шокираше јавноста кога по неколку месеци игра изјави дека има психички проблеми и му е потребен одмор. Ја заврши сезоната, а потоа се врати на теренот на подготовките на Алборг за новата натпреварувачка сезона. Но, сега искусниот Данец најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

35-годишниот Микел Хансен во својата богата кариера настапуваше за ГОГ, Барселона, Копенхаген, ПСЖ и Алборг, а за Данска на 252 натпревари има постигнато 1.302 гола. Со Данците освои европско, светско и олимписко злато.

Поврзани содржини