Лана Дел Реј ги згрози сите со маската што ја носеше на лицето! ФОТО

1,610

Славната пејачка Лана Дел Реј (35) направи голем гаф со последното нејзино појавување во јавноста. Таа беше снимена како ја носи најглупавата маска во екот на пандемијата!

Сè се случи во книжарницата „Барнс и Нобл“ во Лос Анџелес во пресрет на викендот. Таму се фотографирала со обожавателите и ја потпишувала новата книга, а покрај тоа носела маска, како што им се препорачува на сите. Но, маската на славната пејачка ги згрози сите.






Интернетот полуде, па многумина потсетуваат дека во Лос Анџелес е задолжително да се носат маски кога комуницирате со луѓе со кои не живеете. Но, вистински заштитни маски, а не парче ткаенина со дупки.

Лана носела мрежеста маска со светки, која нималку штити од коронавирусот. Притоа, пејачката воопшто не ги почитувала мерките за физичка дистанца.

Со истата маска неодамна позираше за насловната на магазинот „Интервју“.

Сестрата на пејачката, фотографката Каролин „Чак“ Грант, која ја пренесуваше презентацијата на книгата во живо на Инстаграм, рече дека Лана била тестирана пред настанот и имала негативен тест за ковид-19, и тврди дека Лана била на безбедно растојание од обожавателите цело време, но фотографиите што ги преплавија социјалните мрежи го покажаа сосема спротивното.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини