Лампард потврди дека Челзи купува нов голман

Да, Менди е на медицински прегледи, ако ги помине, тој ќе стане наш играч - рече тренерот на „сините“ од Лондон.

264

Менаџерот на Челси, Френк Лампард потврди дека Едвард Менди е на лекарски прегледи во клубот пред трансферот од Рен за 22 милиони фунти. Со оглед на тешкотиите на Кепа Арисабалага, кој повторно погреши во поразот од Ливерпул со 0-2 во неделата, Лампард бараше нов голман веднаш.

– Да, Менди е на медицински прегледи, ако ги помине, тој ќе стане наш играч. Со него ќе обезбедиме дополнителна конкуренција за Кепа, изјави тренерот на „сините“, откако претходно ги зема Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел, Маланг Сар, Хаким Зиеш и Тиаго Силва.






Лампард исто така потврди дека Вили Кабаљеро ќе застане под рамката на натпреварот за Карабао Купот против Барнсли во среда – одлука што беше донесена пред грешката во неделата на Кепа, што му овозможи на Садио Мане да го постигне вториот погодок за тимот од Мерсисајд за време на викендот.

Поврзани содржини