ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ ПУШТЕН ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР Судот ја преиначил мерката по доставената жалба

Алабаковски чека обвинителен акт за подметнувањето пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола за што првично доби осум дена притвор.

544

Ламбе Алабаковски попладнево е пуштен во домашен притвор со одлука на Судскиот совет на Основниот суд во Битола, јавува СДК. Мерката биле преиначена по жалбата поднесена од неговиот адвокат. Алабаковски чека обвинителен акт за подметнувањето пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола за што првично доби осум дена притвор.

Алабаковски го признал делото веднаш откако бил уапсен. За него е покрената постапка за предлог-обвинение за предизвикување општа опасност.






Вчера во Битола партијата Левица одржа протест за слобода на Ламбе, а за кривично гонење на претседателот на клубот.

Поврзани содржини