ЛАМБДА ПРИСТИГНА ВО ЕВРОПА Во Италија забележани случаи на позаразниот и поотпорниот сој
Засега, инфекцијата со варијантата делта расте, расте и бројот на хоспитализирани, расте бројот на примени лица на интензивна нега и се шири апсолутно во сите региони.
Во Италија видот делта на коронавирусот доминира со 95% од заразените, а новиот сој ламбда пристигна, иако бројките сѐ уште се сметаат за спорадични, тој почнува да ги загрижува здравствените власти, бидејќи веќе е регистриран во пет региони со 13 идентификувани случаи, кој според досегашните информации е позаразен и поотпорен на антитела од другите видови.
Видот ламбда за прв пат е регистриран во Перу во декември 2020 година и пристигна во 29 земји, претежно во Јужна Америка, но и во Европа. Во Италија, се појави во регионите на Ломбардија, Пиемонт, Емилија-Ромања, Лацио и Сицилија.
Првата студија објавена од Јапонија, покажува дека „степенот на инфекција е поголем во опасност од вирусот делта и се шири побрзо“, вирусот е именуван по земјата на потекло како перуански и означен со C.37, и содржи три мутации а две се особено опасни по степенот на заразност.
На прашањето колку и дали сегашните вакцини гарантираат заштита од овој вид, италијанските виролози одговорија „се чини дека сегашните вакцини штитат од овој вид, иако две мутации во него се загрижувачки“, предупредувајќи ги Италијанците дека единственото решение е масовна и итна вакцинација.
Засега, инфекцијата со варијантата делта расте, расте и бројот на хоспитализирани, расте бројот на примени лица на интензивна нега и се шири апсолутно во сите региони.
Причината за загриженоста за „слетувањето“ на сојот ламбда не е без основа. Населението, особено младите луѓе на возраст од 12 до 19 години, е предупредено за итен одговор за вакцинација, кој се организира дури и на контролни пунктови во летните одморалишта без закажан термин.