Ламбда-мутацијата брзо се шири, ама поретко одзема животи (ФОТО)
Ламбда-сојот првпат се појави во август 2020 година во Перу. По скоро една година, тој вид доминира во Перу со 82 проценти. Во Чиле, овој вид ја предизвикува секоја трета инфекција.
Петта варијанта на коронавирусот се појави во Јужна Америка, а веќе е регистрирана во 29 земји. Последниот мутант, како што го нарекуваат, е ламбда-сојот попознат и како варијанта Ц37, пренесува Новости.
Според микробиологот д-р Нада Кулиќ Капулица, оваа неистражена варијанта се пренесува побрзо од другите соеви. Слично како и делтата, ламбдата е помалку смртоносна, што е добра вест.
Пред една недела, овој вид од Андите, попознат како варијанта Ц37, беше класифициран од Светската здравствена организација во категоријата „под опсервација“, бидејќи доведува до чести инфекции и се јави истовремено во неколку земји, пишува Дојче веле.
– Претходните соеви беа во втор степен според тежината на варијантите, што значи дека тие се причина за загриженост. Ламбда-сојот сè уште не е доволно познат и е во прв степен на варијантата како сој што е „интересен“. Сè уште не е докажано дали овој вид дава потешка клиничка слика, а само се претпоставува дека се пренесува побрзо – рече Кулиќ за српски „Курир“.
Професорката додава дека ефектот на вакцината врз овој вид допрва треба да се утврди, како и ефектот на стекнатите антитела врз него. Таа посочи дека вирусот од Јужна Америка се проширил низ светот, па дури и на некои делови од Европа, и дека затоа е прашање на денови е кога ќе се појави на Балканот.
– Сите одобрени вакцини се генерално ефикасни против сите варијанти на корона кои се во опсег низ целиот свет. Нема причина да се претпостави дека тоа не е случај и со ламбда-сојот – вели таа.
Патем, ламбда-сојот првпат се појави во август 2020 година во Перу. По скоро една година, тој вид доминира во Перу со 82 проценти. Во Чиле, овој вид ја предизвикува секоја трета инфекција.