ЛАМАТА КОЈА УГИНА БОЛЕДУВАЛА ОД ТУБЕРКУЛОЗА За неа не постоела вакцина, велат од ЗОО

107

Скопската Зоолошка градина информира дека една лама, и покрај сите напори за лекување и терапија во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина угинала. Било направено сѐ од медицински аспект и грижа, но резултатите покажале туберколоза во процес постар од пет години.

„Обдукцијата и резултатите (со ПЦР-метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза во процес постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми“, велат од ЗОО Скопје и додаваат:






„Во соработка и советување со АХВ (Агенцијата за храна и ветерина) направени се туберкулински тестови на сите лами и секојдневно се следи нивната ситуација и се под медицински надзор. Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка“

Поврзани содржини