🎥 „ЛАКОСТ“ ГО ЗАМЕНИ КРОКОДИЛОТ СО КОЗА ВО ЧЕСТ НА ЃОКОВИЌ Ограничената колекција ја слави неговата титула „GOAT“
Францускиот спортски бренд „Лакост“ (Lacoste), основан во 1933 година и светски познат по своето зелено крокодил-лого, направи уникатна промена за Новак Ѓоковиќ, објави Сан.
Ѓоковиќ е спонзориран од „Лакост“ од 2017 година, а овој пат брендот ја замени иконата, крокодилот, со зелена коза во ограничена серија облека, посветена на Србинот како „најголем на сите времиња“.
Новата колекција беше претставена со видео на социјалните мрежи на „Лакост“, во кое се вклучени твитови од фанови што го величаат Ѓоковиќ како „GOAT“. Во придружниот натпис стоеше:
„Од (емоџи за коркодил) до (емоџи за коза). Откријте колекција која го слави @DjokerNole: единствен играч, чијашто кариера е дефинирана со страст и со упорност“.
Љубителите на тенисот веднаш коментираа за најавата на оваа специјална линија: „Прекрасно изведено,“ „Замолчи и земи ми ги парите,“ „Го сакам начинот на кој фановите се вклучени – и како изгледа колекцијата,“ „Целосно заслужено. Ноле е неспорен GOAT и оваа иницијатива е неверојатна! Ве молам, земете ги моите пари веднаш“.
Ѓоковиќ, кој има 38 години, во недела вечерта ќе ја започне својата битка за нова историја на Гренд слем турнирите, играјќи против 19-годишниот Лирнер Тиен. Тој е во потрага по рекордна 35-та Гренд слем титула во Њујорк, иако е свесен за тежината на задачата.
По поразот во финалето на Вимблдон од Јаник Синер, Ѓоковиќ изјави:
– Сè уште чувствувам дека го играм својот најдобар тенис на Грендслем турнирите. Тоа се натпреварите за кои најмногу се грижам во оваа фаза од мојата кариера.“
View this post on Instagram