ЛАГА Е ДЕКА ИТНА ПОМОШ ЌЕ СЕ ПРИВАТИЗИРА Го менуваме законот за да обезбедиме здравствена услуга во руралните средини

Претходно од редовите на опозицијата беше алармирано дека итната помош, по измените во законот, ќе биде предадена во рацете на приватните сопственици.

645

Од владејачката партија СДСМ, демантираат дека со измените во Законот за здравствена заштита во делот на итната медицинска помош е предвидено приватизирање на услугата.

– Лага е дека брзата помош се приватизира во  јавните здравствени установи. Со овој закон се овозможува граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита. Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи. Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно – порачаа од СДСМ.






Претходно од редовите на опозицијата беше алармирано дека итната помош, по измените во законот, ќе биде предадена во рацете на приватните сопственици.

Поврзани содржини