ЛАДНО ПИВО, СКАРА, ДОБРА ЗАБАВА Почна прилепскиот „Пиво фест“

Општина Прилеп овој настан го поддржува со 1 милион денари, а организацијата е на Event group.

407

Во Прилеп започна традиционалниот Фестовал на пивото или како што во последниве 2 години се организира под брендот Prilep beer weekend.

Ладното пиво, вкусната скара и добрата забава повторно ги привлекоа посетители од цела Македонија.






Првиот ден помина во знак на песните на Наум Петрески, Бојана Скендеровски, Ван Гог и ДЈ Марио.

Голем дел од гостите беа иселеници од странство.

Општина Прилеп овој настан го поддржува со 1 милион денари, а организацијата е на Event group.

Општина Прилеп очекува и економски бенефит од Фестивалот затоа што гостите од соседните градови веќе резервираат престој, како по приватните  апартмани, така и во хотелите, а чаршијата и угостителите ќе работат со продолжено работно време.

Поврзани содржини