ЛАДНО ПИВО, ДВЕ СЦЕНИ И ДОБРА МУЗИКА Повеќе од 50 артисти ќе ги забавуваат граѓаните на Пиволенд
Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 3 септември (сабота), а ќе трае до 7 септември (среда).
Големото невреме кое завчера ги зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и во деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата – Пиволенд 2022. Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 е 3 септември (сабота), а ќе трае до 7 септември (среда).
Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“.
Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која навестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.