ЛАДНО ЦЕДЕНО, ПОМАС ИЛИ НЕШТО ТРЕТО? Дали разбирате за какво масло станува збор?

„Маслиново масло добиено исклучиво од масла добиени од производ што се добива после екстракција и масла добиени директно од маслинки“. Вака пишува на шишето на ова наше маслиново масло, ама не можев да разберам дали е производ или само производ добиен од производ од производ?!?!

700

Знаете, кога го здогледав шишето на полица во маркетот во кој пазарев, се израдував. Си реков, што убаво, дојранско маслиново масло. Еве од наши маслинки, наше маслиново. Оние со поприфатливи цени што трговците ги носат од Шпанија, Италија, Португалија, Грција, се разбира, се главно фалсификати. Го грабнав и го свртев да прочитам и да разберам дали е ладно цедено или е помас. Евентуално, дали е некаква комбинација…Обично пишува, дури и на фалсификатите.

Наместо тоа, на задната етикета пишуваше вака: Маслиново масло добиено исклучиво од масла добиени од производ што се добива после екстракција и масла добиени директно од маслинки.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини