ЛАДЕН ВОЗДУШЕН БРАН ДОАЃА ОД СЕВЕР Се очекува нов снег на планините
Температурите позначително ќе се намалат и наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени.
Поради продор на ладна воздушна маса од север до петок претпладне во Македонија времето ќе биде претежно облачно со послаби локални врнежи кои во ниските места (градовите) ќе биде претежно од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм.
Температурите позначително ќе се намалат и наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочтате на следниов ЛИНК.