ЛАДЕН ТУШ ЗА ВУЧЕВИЌ ОД ПРВАТА ЖЕНА НА ЕУ Еве зошто Фон Дер Лајен одби средба со српскиот премиер

Иако се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, првата жена на ЕУ одби средба со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

1,922

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави Н1 Хрватска повикувајќи се на белградски медиуми.

Фон Дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно.






Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

– Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација – додаде Жофре и, како што извести агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

Поврзани содржини