„ЛАДА“ ЌЕ ЈА ПРОИЗВЕДУВААТ ЗАТВОРЕНИЦИ НА ПРИНУДНА РАБОТА Криза во руската автомобилска индустрија

Тешкотиите постојано се зголемуваат бидејќи западните санкции за Русија најмногу го погодија технолошкиот сектор каде што нема клучни производители, а бројот на работници од ден во ден е се помал.

409

Западните санкции имаат сериозно влијание врз руската автомобилска индустрија, а по бројните компромиси во однос на квалитетот на финалниот производ, сега од Русија доаѓа вест дека затворениците на принудна работа ќе учествуваат во производството на автомобилите Лада.

Многу работи се сменија откако Русија ја започна својата инвазија на Украина. Уништувањето на Украина продолжува од ден на ден, но ситуацијата не е розова ниту во Русија. Тешкотиите постојано се зголемуваат бидејќи западните санкции најмногу го погодија технолошкиот сектор каде што нема клучни производители.






Фолксваген, Тојота и Рено, кој беше сопственик на АвтоВАЗ, производителот на Лада, ја напуштија Русија. Покрај проблемите со производството и деловите, АвтоВАЗ има уште еден проблем – нема работници, пишува Globe Echo.

Многу Руси завршија во канцеларии за мобилизација, задолжија пиштоли и униформи, некои избегаа од земјата, а бројот на работници од ден во ден се повеќе се намалува. Затворската управа во областа Самара објави дека компанијата АвтоВАЗ ги повикала тамошните затворениците на принудна работа.

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ сака да ги пополни празнините во производните линии со затвореници. Како и многу други компании во Русија, АвтоВАЗ се бори со недостиг на работна сила. Стапката на невработеност падна на рекордно ниско ниво од 3,3 отсто во април. Како последица од војната во Украина, стотици илјади мажи беа повикани во војска, а многу други избегаа во странство.

Сепак, овој факт се коси со амбициозните цели на рускиот производител на автомобили, според најавите, АвтоВАЗ сака да го зголеми своето производство за 28 отсто од септември и за 40 отсто од јануари следната година. Како што е соопштено од Ревија ХАК, компанија со седиште во градот Тољати во регионот Самара, одби да коментира за постигнувањето на целите со ангажирање на затвореници на принудна работа.

Поврзани содржини