ЛАБУДОВИЌ НАЈАВИ АПЛИКАЦИЈА „МОЈА ОПШТИНА“ Центар ќе стане пример за модерна, дигитална и отчетна општина

Се планира и воведување дигитален контакт-центар и систем за известување во реално време, преку кој граѓаните ќе можат брзо да добиваат важни информации – за сообраќајот, за јавните настани, за хигиената и за сите тековни активности во нивното маало.

33

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, најави дека еден од неговите најважни приоритети ќе биде воведување на целосно нов систем на дигитална и транспарентна администрација.

– Нашата цел е Центар да стане најтранспарентна општина во државата. Граѓаните заслужуваат да знаат што, каде и како се работи со нивните пари. Затоа ќе ја воведеме апликацијата „Моја општина“ – дигитален сервис што ќе овозможи директна и отворена комуникација меѓу општината и жителите – изјави Лабудовиќ.






Преку апликацијата, секој граѓанин ќе може лесно да пријави проблем, да постави прашање, да добие конкретен одговор и да ги следи активностите во реално време. Во неа ќе бидат достапни сите информации за функционирањето на општината – од состојбата со паркинг-местата и јавните услуги, до тековни проекти, тендери и буџетски трошоци.

Особено внимание ќе биде посветено на воведување на системот „Отворен буџет“, преку кој јавноста ќе има постојан увид во распределбата на општинските средства. На едноставен и транспарентен начин, секој жител ќе може да провери каде завршува секој денар – од проектите за хигиена и инфраструктура, до урбанистички и еколошки програми.

– Транспарентноста не смее да биде формалност. Таа мора да стане темел на модерното управување. Со редовно објавување на сите трошоци, договори и реализирани активности, ќе изградиме нов систем на доверба. Центар ќе биде општина која комуницира со своите граѓани – јавно, отворено и одговорно – нагласи Лабудовиќ.

Се планира и воведување дигитален контакт-центар и систем за известување во реално време, преку кој граѓаните ќе можат брзо да добиваат важни информации – за сообраќајот, за јавните настани, за хигиената и за сите тековни активности во нивното маало.

Со овие решенија, Центар ќе стане пример за модерна, дигитална и отчетна општина – општина во која технологијата ќе биде во служба на луѓето, а секоја одлука ќе биде јавна, достапна и проверлива.

– Ние сакаме Центар да биде место каде граѓаните не чекаат одговори, туку ги добиваат веднаш. Општина која не се крие зад бирократија, туку ја користи дигитализацијата за да служи подобро, побрзо и почесно. Така се гради доверба, така се гради вистинска заедница – порача Лабудовиќ.

Според визијата на кандидатот, Центар ќе ја врати изгубената врска меѓу институциите и граѓаните, претворајќи ја во модел на управување за целата држава.

Поврзани содржини