„ЛАБУДОВИЌ ЌЕ БИДЕ ПОДОБАР ГРАДОНАЧАЛНИК ОД МЕНЕ“ Димитриевски верува дека за Лабудовиќ ќе се чуе и подалеку од Центар

Кандидатите на Движењето ЗНАМ не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани, порача лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ. 

359

Иако можеби сме различни по карактер, јас во секој твој збор се препознавам себеси, му порача лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски на кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ.

Во емотивен говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за Општина Центар, Димитриевски изнесе серија причини и аргументи зошто Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на централната скопска општина.






– Ти посакувам да ја шириш таа твоја позитивна енергија низ Центар, низ центарските маала, па и пошироко, за да видат луѓето кој е тој Мирослав Лабудовиќ што ја доби можноста да биде кандидат на ЗНАМ во Општина Центар. Фаворит кој на следните избори ќе оствари извонреден резултат. Сакам да ве уверам сите дека со својата инженерска прецизност, заедно со твојот тим, по 4 години ќе бидеш подобар градоначалник од Максим Димитриевски, затоа што сум сигурен дека ќе управуваш успешно и ќе нижеш успеси со општината – рече Димитриевски.

Тој ги повика присутните на конвенцијата со сета енергија што ја поседуваат да тропнат на вратата на секој дом во Центар и да му дадат поддршка на Лабудовиќ, уверувајќи ги граѓаните дека ЗНАМ го има најдобриот можен кандидат што ќе ја предводи општината во следниот мандат, како и најквалитетните кандидати за советници на нивните листи.

– Кандидатите на Движењето ЗНАМ не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани. Затоа што ние сме излезени од народот, работиме за народот и ќе работиме исклучиво за него, а не на кој било друг начин – нагласи Димитриевски.

И јас пред 4 години бев отпишан од сите, додаде Димитриевски.

– Првиот ден бев сам, вториот ден бевме двајца, тие двајца вечерва сме јас и Мирослав, а тоа веќе е множина. За една недела тие двајца станаа 700, а за неполни 6 недели 56.000, колку што нè поддржаа на минатите избори. Мнозинството е само пат на математичка прогресија. И тоа ќе се случи и во Центар, затоа што Центар и центарци знаат кој е најдобриот кандидат за градоначалник. Тоа е Мирослав Лабудовиќ – рече Димитриевски.

 

 

Поврзани содржини