Лабрадор усреќува уморни лекари во болница ФОТО

727

Лекари, медицински сестри и други здравствени работници насекаде во светот сега имаат повеќе работа од кога и да е. Поради коронавирусот работат долги и напорни смени и потребно им е нешто што ќе ги смири и опушти за време на паузите. Како лек им доаѓа песот Вини.

– Завршив со пациентот, паднав на подот и побарав минута со неа – рекла лекарка од една болница во Денвер, САД.






Лабрадорката која тренира да биде пес помагач на постари лица и на деца ја посетува болницата во Денвер и се гали со лекарите, медицинските сестри и со здравствените работници во време на паузите. Тие велат дека тоа ги смирува, а Вини ужива во нивното внимание и галење.

– Галењето на песот нѐ смирува во стресните ситуации – вели нејзиниот тренер Сузан Рајан.

Таа неодамна ја видела како се враќа од прошетка со лекар и така Вини почнала да ги развеселува и другите лекари. Тренерот верува дека кучињата имаат позитивно влијание на медицинскиот персонал кога Вини ќе ги посети и опушти во време на паузите.

Поврзани содржини