„ЛА ТЕРАЦА“ Е НОВ КОНЦЕСИОНЕР НА „МАКЕДОНСКО СЕЛО“ Месечно ќе плаќа кирија од 3.500 евра

На јавниот повик што го распиша Службата, се пријавиле две компании, а понудата на „Ла Тераца“ била најповолна. 

371

Нов концесионер на комплексот „Македонско село“ е фирмата „Ла Тераца“, соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

На јавниот повик што го распиша Службата, се пријавиле две компании, а понудата на „Ла Тераца“ била најповолна.






Согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на државата. Цената за месечна кирија изнесува околу 3.500 евра.

Овој комплекс не работи веќе седум години.

– По седум години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее! Со оваа одлука правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата. „Македонско село“ ќе стане повторно жив центар на култура, автентична архитектура и македонска традиција. Време е за обнова. Време е за гордост – објави Томовски вчера на Фејсбук.

СОЗР вчера соопшти дека Томовски ја потпишал одлуката за концесионер на комплексот, кој, како што се наведува во соопштението е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Поврзани содржини