ЛАЈКА БАРА ДОМ ЗА 15 ПИТБУЛИ Нивниот изглед не ги прави лоши кучиња, велат од прифатилиштето

295

Јавното претпријатие Лајка почна кампања за вдомување на 15 питбули кои ги има во прифатилиштето.

„Не дискриминирај, биди кул! Вдоми љубов, вдоми питбул!“ е мотото под кое Лајка се обидува да им најде нов дом на овие кучиња.






– Во нашето прифатилиште има 15 питбули кои бараат дом и интересот за нивно вдомување е многу мал. Некои од нив се многу долго со нас, па затоа одлучивме да ја започнеме оваа кампања за сузбивање на предрасудите кон овие кучиња и конечно сите да го најдат својот дом и сопственик – велат од Лајка.

Кампањата е насочена и кон тоа да се подигне свеста во Македонија за оваа раса и дека овие кучиња се одлични домашни миленици кои се премногу лојални, привразни со семејствата, особено со децата.

– Целта на оваа кампања е да ја покренемe свеста за овие раси, кои поради луѓето кои ги злоупотребуваат се здобиле со лоша репутација и се надеваме дека ќе поттикнеме повеќе луѓе да ги вдомат и чуваат соодветно, како што заслужуваат. Нивниот „страшен“ изглед не ги прави страшни и лоши кучиња, напротив тие можат да бидат прекрасни миленици и најдобри пријатели – велат од Лајка.

Поврзани содржини