Лајен: Имаме добар и фер договор со Велика Британија

Во европскиот буџет се предвидени пет милијарди евра помош за европските компании и сите кои ќе бидат погодени од конечното раздвојување на Велика Британија на 31 декември 2020 година. 

238

Конечно постигнавме договор, изјави претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен по повод трговскиот договор помеѓу Европска Унија и Велика Британија.

Договорот е постигнат една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ.






Лајен на прес-конференција во Брисел истакна дека Договорот е за праведно учество на единствениот пазар каде се почитуваат правата и стандардите на ЕУ.

Таа додаде дека ќе продолжи соработката со Велика Британија, како „трета земја“ во сите области од заеднички интерес, како што се климатските промени, безбедноста и транспортот.

– Заедно можеме да направиме многу повеќе отколку одвоени – истакна Лајен.

Постигнатиот договор ЕК треба да го потврди на состанок на еврокомесарите, како и парламентите на ЕУ и на Велика Британија.

Во европскиот буџет се предвидени пет милијарди евра помош за европските компании и сите кои ќе бидат погодени од конечното раздвојување на Велика Британија на 31 декември 2020 година.

Поврзани содржини