ЕВН Македонија информира дека утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од Центар, Карпош и село Шишево.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи утре во периодот од 08.30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците во реонот околу Грчката амбасада во центарот на Скопје и тоа на улица Борка Талески на потегот помеѓу улиците Ленинова и Мирослав Крлежа, на улица Дебарца помеѓу улиците Ленинова и Никола Тримпаре и на улица Никола Тримпаре помеѓу улиците Мирослав Крлежа и Дебарца.
Во период, пак, од 09 до 10 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците во локалите на булевар „Партизански Одреди“ број 88, влез 2 во населбата Карпош 4, а во период од 09 до 14 часот и дел од корисниците од село Шишево во Општина Сарај.
Поради уличен дефект на Ф80 милиметри на улица Перо Наков бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и од улиците Боривое Милошевски, Димче Милошевски, Зендел Џемаил и Вера Радосављевиќ во реонот на Кванташкиот пазар во скопската населба Триангла.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 10:30 часот и прекинот ќе трае се до санирање на дефектот.