КУЗМАНОВСКИ СО ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ПО СКАНДАЛОТ СО „БЕЛОТО“ Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае

Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше во центарот на скандалот со видео на кое меша бела прашкаста материја, вечерва се огласи со јавно извинување преку социјалната мрежа Фејсбук.

5,312

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија вели дека ќе продолжи да работи како лекар и дека „ќе живее со своите подеми и падови“

Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше во центарот на скандалот со видео на кое меша бела прашкаста материја, вечерва се огласи со јавно извинување преку социјалната мрежа Фејсбук.






– Во врска со објавите на социјалните мрежи, изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример – вели  Кузмановски.

Тој додаде дека секој човек прави грешки, но важно е да се извлече поука.

– После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови – додава тој.

Кузмановски информира дека се повлекува од функцијата задоволен од резултатите постигнати со својот тим, но најави дека ќе продолжи да работи како доктор.

– Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам — да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата – истакна Кузмановски.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија и разговара со друго лице, при што се слушаат асоцијации поврзани со кокаин.

Министерот за здравство Азир Алиу веднаш го разреши Кузмановски од функцијата директор на Клиниката за неврологија, а од Министерството соопштија дека во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е Кузмановски, ја поддржаа одлуката на министерот Алиу и ги повикаа институциите да постапат согласно законот и утврдените процедури.

СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО СО ДИРЕКТОРОТ НА НЕВРОЛОГИЈА Кузмановски снимен со кокаин, Алиу го разреши, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката

Поврзани содржини