КУЗМАНОВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДИРЕКТОР Алиу најави ново име на чело на Клиниката за неврологија
Министерот Азир Алиу го разреши директорот на Клиниката за неврологија, но не наведе причини за овој чекор.
Министерството за здравство соопшти дека министерот Азир Алиу денеска донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено, наведуваат од Министерството.