Кузеска во самоизолација, имала кратка средба со Лукаревска

371

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска  ќе биде во самоизолација, бидејќи како што напиша на својот Фејсбук имала кратка средба со директорката на УЈП Сања Лукаревска.

– По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден.
На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зеќири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје, напиша Кузеска.

Поврзани содржини