Кузеска: Туристичко-угостителскиот сектор ќе добие силна поддршка од шестиот пакет мерки
Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра а со него ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани.
Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки. Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареа, ноќните и диско клубови и рестораните за свадби, изјави, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа вели дека со првите два повици се опфаќаат естрадни уметници и туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 денари по лице.
– Понатаму, за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката ќе изнесува 30% од просечниот месечен приход.Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година – вели Кузеска.
Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра а со него ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани.