Кузеска: Сите да покажеме одговорност во борбата против коронавирусот, да го заштитиме јавното здравје

Таа додава дека доколку бројот на заразени расте, Комисијата за заразни болести веќе утре, до Владата ќе предложи дополнителен пакет рестриктивни мерки.

205

Состојбата со коронавирусот значително се влошува, кај нас и во светот. Есенскиот бран се засилува и потребно е секој еден од нас да ги почитува постојните мерки за заштита, односно да носиме маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме и да ги дезинфицираме рацете, вели портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Согласно новонастанатата ситуација, Владата прифати нови мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести, и веќе се во собраниска процедура и се очекува во најкус рок Собранието да ги изгласа. Со овие предлог мерки, носење маски на отворено ќе стане задолжително, ќе се забрани групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од 4ца гости во едно домаќинство – вели портпаролката.






Таа додава дека доколку бројот на заразени расте, Комисијата за заразни болести веќе утре, до Владата ќе предложи дополнителен пакет рестриктивни мерки.

– Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50%, целосна забрана за секакви настани, и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот – вели Кузеска.

Таа истакна дека здравствените работници не можат сами. Во ова борба мора да се вклучат сите со тоа што ќе се почитуваат мерките без исклучок.

– Се работи за вашето здравје, за здравјето на вашите пријатели, колеги, на вашите најблиски. Мора сите да бидеме свесни, совесни и одговорни. Во битката против ковид 19, ќе се вклучат и студентите од шестта година по општа медицина. Овие идни здравствени работници ја препознаа својата важна општествена улога во моменти на криза. Да ја препознаеме и ние нашата, да се заштитиме и себе си, луѓето околу нас, да го заштитиме јавното здравје – вели портпаролката.

Поврзани содржини