Кузеска негативна на ковид-19

497

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на Фејсбук објави дека е негативна на ковид-19.

– Негативен е тестот на ковид-19. Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи. На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести. На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување, напиша Кузеска.






Таа беше во самоизолација поради контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска, чиј тест покажа дека е позитивна на ковид-19.

Поврзани содржини