КУВАЈТСКАТА ВОЈСКА ПО ГРЕШКА СОБОРИ 3 АМЕРИКАНСКИ ВОЕНИ АВИОНИ Сите пилоти се катапултираа и се на безбедно

Кувајт го призна овој инцидент. Благодарни сме за напорите на кувајтските одбранбени сили и нивната поддршка во оваа тековна операција, соопшти Централната воена команда на САД.

516

Системите за противвоздушна одбрана на кувајтската армија по грешка соборија 3 американски борбени авиони Ф-15 Страјк Игл, објави денеска Централната воена команда на САД (CENTCOM).

„За време на активните борбени операции против иранските воени авиони, балистички ракети и беспилотни летала, кувајтските воздухопловни сили по грешка соборија 3 американски борбени авиони. Сите 6 члена на екипажот се катапултираа, безбедно се евакуирани и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент. Благодарни сме за напорите на кувајтските одбранбени сили и нивната поддршка во оваа тековна операција“, се наведува во соопштението на Командата, пренесува Си-Ен-Ен.






Министерот за одбрана на Кувајт рано утринава потврди дека биле соборени „неколку американски борбени авиони“ што летале во поддршка на воената операција против Иран наречена операција „Епски бес“.

🎥 СОБОРЕНИ НЕКОЛКУ АМЕРИКАНСКИ АВИОНИ НАД КУВАЈТ Армијата на САД сè уште не коментира

Поврзани содржини