🎥 КУТИЈА ЗА ДОНАЦИИ ПРЕД МНР ЗА БУЈАР ОСМАНИ Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ се подбива со министерот
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска постави кутија за донации пред Министерството за надворешни работи и апелираше до сите македонски граѓани да донираат за министерот Бујар Османи.
– Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати, се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели. Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8 мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави – рече Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин.
– Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани. Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60.000 денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата. Деновите до крајот на ова безредие се одбројани. Македонија наскоро повторно ќе добие политичари кои се чесни, нова генерација на лидери кои ќе се грижат не за сопствениот џеб, туку за оние на кои помошта им е најпотребна – додаде Ристески.
View this post on Instagram