KУСТУРИЦА ЗА ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ 95% од профитот остварен за 15 години Шпаркасе го реинвестираше во Македонија
Петнаесетгодишнината од успешното работење на Шпаркасе Банка во Северна Македонија беше мотив првиот човек на оваа банка да биде во фокусот на априлското издание на „Економија и бизнис“. Претседателот на Управниот одбор на банката, Санел Кустурица во мега интервју, за реномираниот бизнис магазин споделува ексклузивни информации за работата на банката, меѓу другото акцентирајќи ја нејзината посветеност кон вработените, корпоративната култура и општествената одговорност, како дел од континуирано системско делување.
Кустурица, кој е искусен банкар и менаџер, својата 23-годишна кариера ја започнал и ја градел во родната Босна и Херцеговина. Тој од 2009 година се приклучил на тимот на Шпаркасе Банка, во својата земја, каде успешно ја водел банката сѐ до февруари 2021 година, кога дошол во Скопје.
– Она што тежнееме да го изградиме за нашите сегашни вработени, но и за сите идни, е отворена врата и еднакви шанси да развијат со нас кариера без бариера – вели Кустурица, во интервјуто за „Економија и бизнис“, објаснувајќи при тоа каков поттик иницира банката со која раководи кон своите вработените, со цел тие да се чувствуваат инспирирано на своето работно место, и да обезбедат квалитетна услуга за клиентите.
– Шпаркасе Банка го цени поединецот. Како што посветуваме внимание на индивидуалните потреби на нашите многубројни клиенти, така тоа го правиме и за нашите вработени. Јас верувам дека грижата која бараме нашите вработени да ја посветуваат за нашите клиенти, мора да ја чувствуваат и тие самите од страна на менаџментот и компанијата. Само така може да се создаде ланец на беспрекорна комуникација и доверба од врвот на компанијата, па сè до крајниот корисник – вели Кустурица.
Во интервјуто тој зборува за стремежот на банката да влијае вработените да чувствуваат позитивна енергија на работното место, истакнувајќи ја важноста секој вработен да тежнее и да воспостави баланс помеѓу работните обврски и приватниот живот, кој директно ќе влијае и на личното задоволство, но и на неговиот професионален напредок.
– Сметам дека Шпаркасе поседува експертиза и одличен тим кој тежнееме да го развиваме и држиме мотивиран. Токму поради тоа, наша јасна среднорочна цел е да имаме најзадоволни, најлојални и најплатени вработени во банкарскиот сектор, со отворена можност за перспектива за постојана професионална надградба и дополнителен кариерен развој во рамките на банкарската групација, Erste и Steiermärkische Sparkasse – истакнува Кустурица.
Првиот човек на Шпаркасе Банка зборува и за вредностите кои ги смета за своја доблест, и кои ги цени кај вработените – интегритет, доверба, искреност, посветеност, работа и упорност. Тој отворено споделува мислење за предизвиците кои ги носи животот.
– Сигурно е дека и во животот и во работата има и подеми и падови, никој не е претплатен само на добри процени и одлуки. Многу ќе грешиме, често околностите нема да ни поаѓаат од рака, резултатот нема секогаш одма да дојде. Но, откажувањето не смее да биде опција. Тоа е нешто во кое цврсто верувам, тоа е мој пристап во работата и тоа го очекувам од моите луѓе – вели Кустурица истакнувајќи дека вредностите кои ги има одредена компанија се вредностите кои со себе ги носат и ги живеат вработените.
За време на централното интервју за познатиот бизнис магазин Кустурица се фокусира и на општествената одговорност како темел на Шпаркасе Банка која е членка на Erste и Steiermarkiche групациите, чии основачи уште пред 200 години, како една од примарните цели ја поставиле поддршката во креирање и зачувување на просперитетот на што поголем број луѓе.
Кустурица за општествената одговорност вели дека и не се работи за „помодарство“, туку за континуирано системско делување на банката од нејзиното постоење.
– Нашата активна улога на подрачјето на општествената одговорност произлегува од многу едноставен и значаен факт – Шпаркасе Банка АД Скопје е македонска банка со австриски капитал. Ние делуваме на територијата на Северна Македонија, во склад со законите на оваа држава, плаќаме даноци и придонеси во оваа држава, нашите вработени и нивните фамилии се македонски државјани, а нашите клиенти се граѓани и стопанственици на оваа земја. На крајот, 95 проценти целиот профит кој банката го остварила во изминатите 15 години е реинвестиран токму тука, во нашата земја. Со самото тоа, потполно е логично да имаме силно чувство на припадност на оваа заедница, зошто ние сме дел од таа заедница, па помагајќи и, си помагаме себеси- објаснува Кустурица.
Тој истакнува дека сите општествено-одговорни проекти на банката се опфатени во рамките на „Sparkasse life“ платформата, објаснувајќи дека преку оваа платформа ги спроведуваат активностите коишто се наменети за поддршка на локалната заедница, за заштитата на животната средина, како и за развој на културата, уметноста, образованието, здравството и спортот.
– Посебно сакаме да ја истакнеме нашата значајна вклученост во поддршката на таканаречената „зелена економија“, каде во последните неколку години имаме финансирано над 45 проекти и инвестиции, со вкупен износ од преку 65 милиони евра, што нѐ чини апсолутни лидери на пазарот – вели Кустурица.
Во оваа насока Кустурица ја споменува и инсталацијата на фотоволтаични системи во Централната зграда на Шпаркасе Банка во Скопје и во Охрид, како и фактот дека за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава „Visa Eco“ картички од рециклирачки материјал, кои поседуваат посебни својства на разградливост. На овој начин се заштедуваат минимум 300 кг пластика годишно, со што дополнително се влијае на заштита на животната средина.
Шпаркасе Банка, досега има реализирано бројни проекти за поддршка на локалните заедници и на малите претпријатија, но и за поддршка на спортот, уметноста, културата, а актуелна е соработката и со нивниот бренд амбасадор Влатко Стефановски, која е насочена кон поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава.