КУСТУРИЦА БАРА ДА СЕ ПОКРЕНЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ТВ ПИНК Телевизијата емитувала дипфејк видео од режисерот

Кустурица преку својата адвокатска канцеларија побара Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да покрене постапка против ТВ Пинк, а Високиот суд да донесе времена мерка и да му забрани на сопственикот на таа телевизија, Жељко Митровиќ, дополнително емитување и промовирање „незаконска обработка на лик и глас“.

691

Режисерот Емир Кустурица побара од Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград да покрене постапка и да побара отстранување на „навредлива синтетизирана аудио и видео снимка“, емитувана на телевизија Пинк за Кустурица, соопшти денеска адвокатската канцеларија Томановиќ.

„Незаконската употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни и монтирани снимки, познати како „дипфејк“ (deepfake), во многу земји е препознаена како опасна за демократското општество, основните човекови права, но и за безбедноста на граѓаните“, се наведува во соопштението.






Кустурица преку својата адвокатска канцеларија побара Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да покрене постапка против ТВ Пинк, а Високиот суд да донесе времена мерка и да му забрани на сопственикот на таа телевизија, Жељко Митровиќ, дополнително емитување и промовирање „незаконска обработка на лик и глас“.

„Непримерен е обидот на креаторот на фалсификатот да ја оправда навредата и незаконското однесување со наводна сатира бидејќи видеото не е ниту сатира, ниту уметнички, ниту некаков законски дозволен облик на изразување, туку законски забрането дело, спротивно на јавниот интерес“се додава во соопштението.

Поврзани содржини