КУРТУЛИЈА ИНИЦИЈАТОРИТЕ НА СУПЕРЛИГА Укината постапката против Реал, Барса и Јуве
На 19 април англиските клубови Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул, Челзи и Арсенал, шпанските Барселона, Атлетико и Реал, италијанските Милан, Интер и Јувентус го објавија создавањето на Супер лигата.
Европската фудбалска асоцијација, ја прекина постапката за против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за проектот Суперлига.
– По отворањето на дисциплинска постапка против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за евентуална повреда на правната рамка на УЕФА во врска со таканаречениот проект Суперлига, Апелационото тело на УЕФА одлучи да ја прекине постапката до понатамошно известување – стои на веб-страницата на УЕФА.
На 19 април англиските клубови Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул, Челзи и Арсенал, шпанските Барселона, Атлетико и Реал, италијанските Милан, Интер и Јувентус го објавија создавањето на Супер лигата. По остриот протест на навивачите и заканата од санкции од ФИФА и УЕФА, во Суперлигата останаа само Реал, Барселона и Јувентус.
На 7 мај, УЕФА објави помирување со другите девет тимови, како и објави список на санкции во случај на враќање на идејата за Суперлига.