Куртоа: Сите со нетрпение чекаат обнова на Ла Лига

Оваа недела шпанските екипи започнаа со тренинзи повторно по пауза од два месеци.

287

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ја изрази својата среќа од продолжувањето на тренинзите.

Оваа недела шпанските екипи започнаа со тренинзи повторно по пауза од два месеци.






– Сите со нетрпение очекуваат обновување на Ла Лига и битката за титулата. Не можевме да дочекаме да тренираме повторно по два месеци, да бидеме заедно како тим. Иако е малку поинаку, секогаш е убаво да се вратиме во „Валдебебас“ на тренинзи. Тренингот дома е различен, но мислам дека сите добро работеа и се одржаа во форма. Голманите имаа среќа бидејќи имавме дозвола да тренираме минатата недела со тренер. Оваа недела, кога соиграчите упатуваат удари, постои чувство на вистински тренинг – рече Белгиецот.

Поврзани содржини