КУРТИ НЕМА ДА ПРАВИ ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, АМА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА Меџити откри дел од предизборните планови
Како албанска ќе номинираме кандидат за претседател. Целта ни е да има алтернатира за гласање на албанските гласачи, порача Изет Меџити од Европскиот сојуз за промени.
Косовскиот премиер Албин Курти нема да прави партија во Македонија, туку неговата актуелна партија Самоопределување ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, рече лидерот на Демократско движење Изет Меџити во вечерашното гостување на „Само вистина“.
– Јас сум роден во Македонија, но сум дел од албанскиот народ. Албин Курти има голем рејтинг како лидер во регионот, се бори против корупцијата, се бори со криминалот, треба да имаме предвид дека има половина семејства што живеат во Косово, другата половина во Македонија, и затоа има претставници од Самоопределување. Тие се одлучија да не прават партија но ќе ја поддржат албанската опозиција. Де факто, Беким Ќоку е стружанец. Блерим Река моментално е амбасадор на Косово во Њујорк, но има право да учествува во изборите поради македонското државјанство. Како албанска ќе номинираме кандидат за претседател. Целта ни е да има алтернатира за гласање на албанските гласачи – рече Меџити.
Во поглед на силата на ДУИ на следните избори, Меџити изјави дека еуфоријата е вештачка и дека партијата на Али Ахмети веќе е прочитана.
– Немаме Албанец премиер, туку имаме само технички премиер чија задача е да спроведе избори – рече Меџити.