📽️ КУРШУМ Ѝ ОСТАНА ЗАГЛАВЕН ВО ЧЕРЕПОТ Девојче од Газа за чудо преживеа напад од израелски дрон

Мало девојче во Газа преживеа со куршум во главата, наводно испукан од израелски дрон, докторите се во шок.

555

Мало девојче во Газа чудесно преживеа откако беше погодено во главата од куршум испукан од израелски дрон. На видеоснимка објавена на социјалните мрежи се гледа како докторите во болница го лекуваат повреденото девојче, додека куршумот сè уште се наоѓа заглавен во задниот дел од нејзиниот череп.

Лекарите се во шок од невообичаениот случај и истакнуваат дека навистина е чудно што девојчето е живо, бидејќи вакви повреди вообичаено завршуваат фатално. Засега не се соопштени повеќе детали за нејзината состојба, ниту за точната локација на нападот.






Станува збор за уште еден потресен случај во низата трагедии кои се случуваат во Газа, каде цивилното население, меѓу кои и многу деца, секојдневно страда поради воените дејства.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини