Курц се закани со нов карантин

Ниту една земја во светот не би дозволила нејзината интензивна медицинска нега да биде презаситена - рече тој.

325

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска се закани со уште еден карантин како последно средство со кое ќе примени доколку сегашниот раст на бројот на заболени со ковид-19 не биде ограничен.

– Ниту една земја во светот не би дозволила нејзината интензивна медицинска нега да биде презаситена – рече тој.






Во Австрија, можното преоптоварување на здравствениот систем е законско барање за воведување на карантин.

Во неделата, Австрија воведе ограничување од шест лица на приватни затворени собири и 12 лица на отворено.

Австрија се соочува со рекорден дневен број на заболени во последните денови.

Поврзани содржини