КУРЦ ОБЈАВИ КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА Сега има пандемија на невакцинираните

Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.

559

Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз – истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.






Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.

– Токму поради невакцинираните сè уште се потребни минимум мерки. Претпочитам се да е отворено за 70 отсто од населението, отколку се да затвораме – објасни Курц.

Тој, исто така, ја критикуваше Слободарската партија на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.

Поврзани содржини