Курц: Нема никаква смисла меѓусебно да се обвинуваме за ширењето на вирусот

Тој ова го изјави на прашањето дали австриската влада ќе им се извини на другите држави за инфицирањто на туристи во австриските ски-центри и пренесување на вирусот од таму во Исланд и Норвешка.

421

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска дека нема смисла да се влезе во „игра на меѓусебно обвинување“ за ширење на коронавирусот, пренесе „NBC News“.

Тој ова го изјави на прашањето дали австриската влада ќе им се извини на другите земји за фактот дека туристите биле заразени во ски-центрите во Австрија, а вирусот се пренесува од таму во Исланд и Норвешка.






Канцеларот рече дека Австрија реагирала на пандемијата пред другите и дека „никогаш нема да бара од Италија извинување за италијанските гости кои го донеле вирусот во австриските скијачки центри, затоа што тие сигурно не го сториле намерно“.

Тој исто така изјави дека „нема смисла да се игра меѓународната игра и да се обвинуваат едни со други за тоа кој е одговорен за пандемијата“.

Курц додаде дека треба самокритично да се испита што можеше да се направи подобро.

Поврзани содржини