Курц: Не патувајте во земјите од Западен Балкан

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на ефтините тестови за ковид-19 на дестинациите за одмор во Западен Балкан.

1,170

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на Австрија денеска уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат таму за тестирање за ковид-19.

– Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патувања. Секојдневно имаме се повеќе случаи на заболени, чие потекло може да се поврзе со Западен Балкан – рече Курц, потенцирајќи дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување кон Западен Балкан.






Австрискиот канцелар исто така се повика на обврските на работодавците, повикувајќи ги да обезбедат усогласеност со карантинот од 14 дена по патувањето.

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на ефтините тестови за ковид-19 на дестинациите за одмор во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за ковид-19 на меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек.

 

Поврзани содржини
na