Курц најави донација од милион дози вакцини за Западен Балкан
Сите вакцини што нема да ги користиме ќе бидат донирани во земји кои што се снабдуваат помалку отколку во Европа и САД - рече Курц.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави во разговор со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш голема донација на вакцини против вирусот ковид-19.
– Сите вакцини што нема да ги користиме ќе бидат донирани во земји кои што се снабдуваат помалку отколку во Европа и САД – рече Курц.
Тој исто така му рече на Гутереш дека Австрија ќе донира еден милион вакцини на земјите од Западен Балкан и дека станува збор за вакцини на „АстраЗенека“, кои, како што вели, се користат само во ограничен обем во Австрија.
Гутереш го пофали управувањето со кризата во Австрија за време на пандемијата и се заблагодари за вакцинирањето на персоналот во седиштето на ООН во Виена.
Тој посочи на драматичната состојба поради пандемијата во Африка.
Тој рече дека се очекува особено посиромашните земји да се борат подолго со пандемијата и нејзините последици.