КУРЦ МУ Е КРИВ ОТИ ЖЕНАТА ГО ОСТАВИЛА Австриец се заканил дека ќе го крене во воздух цел Хофбург, го сместиле во лудница

Обвинетиот рекол дека е точно тоа што го напишал, но дека сè избришал и дека се наоѓал во вонредна психичка состојба по смртта на својата мајка и поради тоа што го напуштила сопругата со трите деца.

974

Поради закани упатени до австрискиот канцелар Себастијан Курц, судот во Грац донел пресуда да смести еден граѓанин на психијатрија.

„Уште само еднаш ќе го кажам тоа – Себастијан Курц, ќе те кренам во воздух”, напишал осудениот на својот профил на Фејсбук.






Бидејќи не следувала никаква реакција, тој потоа напишал дека доколку Курц не му се јави, ќе го крене цел Хофбург во воздух.

Курц не реагирал ни на овие закани, но реагирало Јавното обвинителство кое веднаш отворило истрага.

Обвинителот истакнал дека е јасно дека обвинетиот му се заканувал на Курц со смрт со експлозив.

Адвокатот на обвинетиот се обидел да ги ублажи заканите, велејќи дека не е сигурен ни дали Курц воопшто дознал за тоа што е напишано.

Обвинетиот рекол дека е точно тоа што го напишал, но дека сè избришал и дека се наоѓал во вонредна психичка состојба по смртта на својата мајка и поради тоа што го напуштила сопругата со трите деца.

– Каква врска има тоа со Курц? Тој не е надлежен за вашите деца – го прашала судијката Анџелика Хакер, на што тој одговорил дека бил лошо расположен и дека смета дека Курц е добар политичар.

Судскиот вештак Манфред Валцл дошол до заклучок дека обвинетиот пати од биполарно пореметување.

Инаку, обвинетиот на своето тело ги има истетовирано сите датуми од боледувања и хоспитализации, а психијатарот му предложил на судот да го смести обвинетиот на психијатрија за да биде третиран.

Поврзани содржини