Курц ќе стане татко, објави и фотографија со партнерката (ФОТО)

Триесет и четиригодишниот австриски канцелар Себастијан Курц и неговата партнерка го очекуваат своето прво дете.

553

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата девојка Сузан Тир очекуваат бебе, објавија светските медиуми, пренесе РТС.

Триесет и четиригодишниот австриски канцелар Себастијан Курц и неговата партнерка го очекуваат своето прво дете.






„Пресреќни сме и благодарни што наскоро ќе бидеме тројца. Нè чека прекрасна заедничка задача што едвај ја чекаме. Бараме ваше разбирање дека сакаме да ја зачуваме нашата приватност, но со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа добра вест со сите вас“, порача Курц во својата објава на Фејсбук.

Партнерката на најмладиот шеф на австриската влада треба да се породи на крајот на ноември, односно на почетокот на декември. Инаку, Сузан и Себастијан се заедно уште од училишните денови. Тир работи за австриското Министерство за финансии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sebastian Kurz (@sebastiankurz)

Поврзани содржини