Курц: Ќе се залагаме во првата половина од годинава да почнат пристапните преговори со С Македонија

Канцеларот изрази посебно жалење што С Македонија, како „примерен-кандидат“, сè уште ги нема отворено пристапните преговори со ЕУ.

810

Австрија во потполност го поддржува европскиот пат на целиот Западен Балкан и ќе се залага за започнување пристапни преговори со С Македонија и Албанија во првата половина на оваа година. Наш стратешки интерес е да го внесеме регионот во ЕУ што е можно побрзо, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за белградскиот магазин КорД, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој изрази посебно жалење што С Македонија, како „примерен-кандидат“, сè уште ги нема отворено пристапните преговори со ЕУ.






– Австрија ќе се залага за започнување на долго задоцнетите преговори за членство со С Македонија и Албанија во првата половина на 2021 година – додаде Курц.

Србија, пак, истакнува тој, има единствена одговорност да покаже дека Западен Балкан напредува по својот европски пат со значително забрзување на сопствените реформски напори и постигнување на конкретни и опипливи резултати во владеењето на правото и другите основни области.

– Постојаниот ангажман со добра волја во преговорите и постигнување на сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализирање на односите (со Косово) е клучно за напредок на европскиот пат – кажа Курц.

Тој исто така изјави дека Австрија останува пријател на Западен Балкан и во време на кризата и дека поддршката на регионот во борбата против пандемијата со ковид-19 е нејзин главен приоритет.

Канцеларот потсети дека Австрија неодамна ветила 2,4 милиони евра за иницијативата КОВАКС, додека ЕУ одлучи да стави на располагање 70 милиони евра за вакцините за Западен Балкан.

Поврзани содржини