КУРЦ ЌЕ ’РМБА ЗА 500.000 ДОЛАРИ По оставката фаќа правец накај Силиконската долина
Курц како австриски канцелар и министер за надворешни работи кој доаѓаше од конзервативна и демохристијанската партија во Австрија оствари повеќе посети на Македонија. Тој беше голем поддржувач за отпочнувањето на нашите преговори за членство во ЕУ.
Себастијан Курц, доскорешен канцелар на Австрија кој есенва неславно замина со оставка од функцијата, ќе работи за 500.000 долари плата во компанија во Силиконската долина во САД, јавија австриските медиуми. Името на фирмата не е објавено, а на споменатата локација во Калифорнија седишта имаат главно информатички компании.
Курц како австриски канцелар и министер за надворешни работи кој доаѓаше од конзервативна и демохристијанската партија во Австрија оствари повеќе посети на Македонија. Тој беше голем поддржувач за отпочнувањето на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
Сепак, истрагите за корупција ја уништија неговата кратка политичка кариера.