Австрискиот канелар Себастијан Курц оцени дека повеќедневните судири помеѓу Турците и Курдите на улиците на Виена е последица на неуспешната интеграција и одговор на тоа е рестриктивна политика за имиграција и азил.
– Тоа се конфликти што се внесени од Турција во Виена и за тоа нема место кај нас – изјави Курц во интервју за телевизијата „Пулс4“.
Тој потсети дека пред неколку години во Виена постоеле делови во кои жителите не се чувствуваат како во своја куќа и дека поради тоа бил критикуван, а изминатите инциденти покажуваат дека бил во право.
– Мораме одлучно да дејствуваме и му наложив на министерот за внатрешни работи да води политика на нулта толеранција, кој сака насилно да се однесува на улица тоа може да го прави во Турција, не овде – наведе Курц.
Австрискиот канцелар оцени дека предолго грешел во политиката на интеграција и дека не се случајност инцидентите во 10. Виенска општина Фаворитен, бидејќи таму живеат голем број луѓе со турско потекло.
– Успехот на интеграциите зависи од бројот на луѓе кои треба да се интегрираат – истакна Курц при тоа повторувајќи дека е против неограничена имиграција.