КУПУВАЛ ГЛАСОВИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Полицијата откри поткуп од 1.000 и 5.000 денари во Крушево

Осомничен кандидат и негов соработник наводно им нуделе пари на граѓани за поддршка на локалните избори.

475

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца жители на Крушево, кои се сомничат дека нуделе пари за купување гласови за време на локалните избори.

Како што информираат од МВР, ОВР Прилеп поднела пријава против Т.Х. (33) и Т.Ш. (36) поради сомнение за кривичните дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“.






Според полициските информации, на 14 октомври 2025 година, првопријавениот им дал по 1.000 денари на четири лица за да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево. Второпријавениот, пак, на едно женско лице му дал 5.000 денари со иста цел – обезбедување поддршка на изборите.

Случајот е пријавен и документиран од полицијата, а против осомничените е поведена соодветна постапка. Надлежните институции најавуваат продолжување на истрагата со цел целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини